Генерацијата 2008 остана непоразена на гостувањето во Тетово кај екипата на Шкендија, на натпревар од 3.коло во Регионалната Скопска Лига за повозрасни петлиња.
Избраниците на Влатко Колев иако имаа негатива од 2:0, сепак на крајот успеаа да се изборат за голем бод, со голот на Омер Идризи во судиското надополнување.
По само 16.минути игра, домашната екипа имаше предност од 2:0 со головите на Илази и Османи, но сепак оваа негатива не ги демотивираше вардарци кои веруваа во своите можности и до последната судиска свирка. Заигравме подобро после примените два гола, после неколку обиди успеавме во 26.минута преку Петар Блажевски да го намалиме резултатот на 2:1. На голот претходеше акција, во која најпрво биеше Митаноски, одбрани голманот на домашниот тим за момент, но на одбиената топка наиде Блажевски кој ја смести во мрежата. Овој резултат беше актуелен на полувреме.
Натпреварот го оправда епитетот „дерби“, гледавме цврста и борбена игра на двете страни. Имавме можност да го израмниме резултатот и пред судиското продолжение, но сепак не успеавме да реализираме. Се играше 82 минута кога Омер Идризи беше најприсебен во противничкиот шеснаесетник, успеа да погоди и да го израмни резултатот на 2:2. кој беше и конечен на натпреварот во Тетово.
Вардар: Павел Грбевски, Христијан Јевтоски, Филип Цветковски, Матео Кесиќ, Иван Ташовски (К), Илија Митаноски, Душан Бојовиќ Заев, Петар Блажевски, Дамјан Буцевски, Ендрит Кадрији и Беким Дарлишта.
Играа уште и Леонид Стамчевски, Омер Идризи, Никола Јовановски и Данило Делев.
После три одиграни гола, генерацијата 2008 на Вардар има скор од две победи и еден нерешен резултат.