Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар 2009 ја совлада Шкендија, Николов донесе минимална и вредна победа
Вардар 2009 ја совлада Шкендија, Николов донесе минимална и вредна победа

Вардар 2009 ја совлада Шкендија, Николов донесе минимална и вредна победа

Генерацијата 2009 на ФК Вардар, стигна до победа во Регионалната Скопска Лига за помлади петлиња. Нашите млади надежи денес гостува во Тетово кај тимот на ФК Шкендија и остварија победа со резултат 0-1 (0-1).

Вардар: Грчевски Лука, Колевски Даниел, Дошев Максим, Котески-Митровски Павел, Чедомирски Алек , Николов Матеј, Бошковски Коста, Колевски Давид, Галевски Лука, Смиљков Мартин и Јовиќ Андреј.

Момците на Златко Тасевски беа подобри противници на оваа средба имаа инцијатива на гостување на теренот на АМС СЦ Тетово. Се играше првиот дел одлична топка пристигна до Николов Матеј, кој од 16.метри упати силен удар, таа топка беше неодбранлива за голманот Шаќири Бенарт. Поведовме со 1-0, во 26.минута, резултат со кој заминавме на одмор.

Во вториот дел во игра од клупата беа уфрлени, Величковски Даријан, Божиновски Михаил и Ристевски Матеј. Имаше неколку шанси за одбележување, ние погодиве и во овој период, последен со топката играше пред да заврши во мрежата на ривалот Котески-Митровски Павел, сепак судијата го поништи поради недозволена позиција. Ривалот се закани два пати, еднаш погоди статива, а во една прилика одлично одбрани Грчевски Лука.