Денес во рамките на 15.коло во Супер Лигата, пионерските екипи гостуваа кај екипата на Работнички.
Помладите пионери успеаа да го добијат градското дерби со екипата на Работнички, славејќи со резултат 2:3 (1:1).
Уште во 10.минута од натпреварот успеавме да го отвориме резултатот со голот од пенал на Филип Смиљков за водство од 0:1. Кратко траеше нашата радост, после само три минути, домашниот тим успеа да го израмни резултатот на 1:1, кој беше актуелен по првите 45 минути.
Работнички во вториот дел, односно во 64.минута направи резултатски пресврт и поведе со 1:2, но нашите надежи не се откажаа и покрај негативата успеаа да направат резултатски пресврт со два гола и на крајот да слават победа. Се играше 66.минута кога после асистенција од Шаботиќ, вардарци израмнија на 2:2 со голот на Антонијо Крстевски, а во 84.минута со вториот гол на Антонијо Крстевски да поведеме со 2:3. На крајот нашите помлади пионери успеаа да ги освоијат сите три бода на овој дерби натпревар во помладата пионерска Супер лига.
Ова беше вкупно седма победа сезонава за помладите пионери.
Вардар: Јован Ѓорѓиевски, Мичо Поповски (К), Филип Смиљков, Марко Крстевски, Фуад Керими, Иван Блажевски, Михаил Јорданоски, Антонијо Крстевски, Емир Шаботиќ, Златко Радески и Филип Дамевски.
Играа уште и Петар Давитов, Бобан Бакрачески.
Пионерите за жал беа високо поразени со резултат 3:0 (2:0) во дербито со градскиот ривал.
По само 16.минути игра, противникот имаше предност од 2:0, додека конечните 3:0 беа поставени во 51.минута. Ние не се прославивме многу на овој натпревар, на кој немавме некоја посериозна шанса да го загрозиме голот.
Вардар: Стефан Нанчовски, Драган Јанкоски, Давид Цековски, Харбин Туша, Максим Цониќ, Давор Лефковски, Михаил Танчев (К), Матеј Гаштаров, Кристијан Галевски, Дамјан Алексовски, Хабиб Бектеши.
Играа уште и Милош Спасовски, Матеј Анастасов, Мирза Хасиќ, Александар Миовски и Андреј Ѓуроски.