Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи на ФК Вардар во сабота гостуваат на екипата на Шкендија
Пионерските екипи на ФК Вардар во сабота гостуваат на екипата на Шкендија

Пионерските екипи на ФК Вардар во сабота гостуваат на екипата на Шкендија

Во сабота, пионерските екипи на ФК Вардар ќе гостуваат во Тетово на екипата на Шкендија, во рамките на 11.првенствено коло. Мечевите ќе стартуваат во термините од 10-00 и 12-00 часот.

Ова ќе биде трет меѓусебен дуел оваа сезона на помладите пионери на Вардар и Шкендија. Првите два меча ги доби Вардар и тоа со идентичен резултат од 2:1. Првиот натпревар беше во рамките на 2.коло од помладата пионерска Супер лига, додека вториот во рамките на 1/4 финалето од купот на Македонија и двата натпревари ги одигравме на домашен терен. Избраниците на Деспотовски од минатото коло се лидери во лигата со 20 освоени бодови. Екипата на Шкендија се наоѓа на 4.место на табелата со 16 бодови.

Дерби во ова коло ќе одиграат и пионерските екипи на Шкендија и Вардар. Избраниците на Кралевски се наоѓаат на првото место на табелата со 21 освоен бод, додека Шкендија е четврта со 17 бодови. Првиот дуел одигран на теренот на Академијата го доби Вардар кој ги совлада тетовчани со резултат 3:1. На последните три натпревари, пионерите освоија само четири бодови, со што се намали нивната предност на табелата пред екипата на Работнички.