Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Тројца вардарови играчи дел од фудбалската репрезентација до 18 години, за контролните мечеви со Србија
Тројца вардарови играчи дел од фудбалската репрезентација до 18 години, за контролните мечеви со Србија

Тројца вардарови играчи дел од фудбалската репрезентација до 18 години, за контролните мечеви со Србија

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години се наоѓа во Ниш, каде денес и во сабота ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Србија.

За овие мечеви, селекторот Горан Станиќ повика и тројца играчи од редовите на Вардар. Се работи за Матеј Андов, Божидар Митревски, Бојан Димоски. Повикан беше и Џемал Ибиши кој го откажа повикот поради повреда.

Пет играчи на Вардар се дел од селекцијата до 19 години на квалификацискиот турнир во Чешка. Се работи за Методија Велковски, Стефан Наумчески, Филип Антовски, Али Адем, Алекс Талески и Јакуп Бериша. Тие вчера го одиграа првиот меч, играјќи нерешено 1:1 со селекцијата на Хрватска. Стартери на овој меч беа Бериша, Антовски и Наумчевски, додека во второто полувреме во игра влезе и Али Адем.