Викендов на програмата во женската Супер лига е 13.коло. Во истото ЖРК Вардар е домаќин на тимот на Деспина од Прилеп. Натпреварот ќе се игра во сабота, 17/11/2018, со почеток во 13-00 часот. Средбата ќе се одигра во големата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје.
Девојките на Симовски, Ристова и Царчев заедно со Куманово и Стружанка имаат по 25.бода, лидер на табела е ЖРК Металург со 30.бодови. Дуелот со причепчанки ќе го судат Андовски Виктор и Јовановски Стојанче од Скопје. Во првата средба одиграна во Прилеп нашите девојки дојдоа до гостинска победа со резултат 31-29. На тој дуел најзаслужни за победите беа, голманот Симона Грујовска која стигна до 8 одбрани, Гоцевска Марија погоди 7 пати, апак крилото Мирјана Петковска дуелот го заврши со 6 погодоци.