Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Пласман во 1/4-финале со две победи на Пирин купот, Вардар ген.2007 денес на ниво
Пласман во  1/4-финале со две победи на Пирин купот,  Вардар ген.2007 денес на ниво

Пласман во 1/4-финале со две победи на Пирин купот, Вардар ген.2007 денес на ниво

Избраниците на тренерот Горан Петрески, денес успеаа со две победи да обезбедат пласман во следната рудна од силниот меѓународен турнир во Бугарија, Пирин Купот 2020. ФК Вардар генерација 2007 по вчерашниот минимален пораз денес одигра на врвно ниво.

Во првиот утрински дуел се сретнавме со  бугарскиот тим, ФК  Локомотив од Софија. Во еден динамичен меч, двата тима се надигруваа за секоја топка. Успеавме да бидеме подобар противник и да постигнеме двојно повеќе голови од ривалот. Ние победивме со резултат 4-2 на овој дуел за нас стрелаа: Борјан Томовски, Стефан Младеновски, Адмир Љатифи и Александар Грашески.

85041357_250031679321205_7709336983444652032_n


Потоа во клучниот дуел за 1/4-финале, ние се сретнавме со тимот на ФК Ботев и на оваа средба момците на Чунга имаа целосна доминација на теренот во текот на двата периода. Стрелците за победата  со резултат 3-0, по која со шест бода обезбедивме пласман во четвртфиналната рунда беа:  Борјан Томовски, Стефан Младеновски и Емир Шаботиќ.

Утре во 1/4 финалето не очекува дуел против екипата на Витоша 13.