Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар со успешна „генералка“, совладан тимот на ФК Кадино
Вардар со успешна „генералка“, совладан тимот на ФК Кадино

Вардар со успешна „генералка“, совладан тимот на ФК Кадино

Денес, лидерот во Првата македонска фудбалска лига, ФК  Вардар победи во последната контролна-средба  пред стартот на шампионатот. Момците на Александар Васоски  триумфираа на гостувањето кај второлигашот, ФК  Кадино 2-0(1-0).

Погодивме  по еден гол во двете полувремиња, во првиот дел реализира Матеј Цветановски тој во 21.минута стрелаше за 1-0 резултат со кој се замина на одмор. Конечните 2-0 ги  постави Џемал Ибиши во 62.минута од средбата. Дуелот мина одлично, сите момци кои добија шанса одиграа на ниво, она што е најважно контролката мина без ниту една повреда па тимот влегува спремен во последната седмица пред продолжението од сезоната.

Пролетната полусезона  Вардар стартува на домашен терен, со меч  против Македонија Ѓорче Петров, истиот е закажан на 15/02/2020 во 14-00 часот.