ФК Вардар ген.2008 успеа денес да дојде до победа и да ја мине групната фаза на Пирин купот. Иако со намален фонд на играчи момците на Петар Георгиевски одлично одиграа.
Во клучниот дуел за пласман во следната, 1/4финална фаза се сретнавме со тимот од Бугарија, екипа на ФК Локомотив од Софија.
Првиот дел иако имавме доста шанси за водство заврши со резултатска симетрија, 0-0. Победата ја остваривме во второто полувреме кога постигнавме два гола. Стрелци на истите беа: Петар Блажевски и Бошковски Коста. Со 2-0 победата и двете реми исходи од вчера со вкупно пет бода мимавме понатака. Се пласиравме во 1/4финалето на „Пирин купот 2020“.