Thursday ,12 December 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Алек Сељанац: Сметам дека заслужувам повик за националната репрезентација, со вардаровите пионери очекувам повторно да заблескаме
Алек Сељанац: Сметам дека заслужувам повик за националната репрезентација, со вардаровите пионери очекувам повторно да заблескаме

Алек Сељанац: Сметам дека заслужувам повик за националната репрезентација, со вардаровите пионери очекувам повторно да заблескаме

Се ближи почетокот на пролетениот дел од сезоната во младинските фудбалски лиги. Пионерите на ФК Вардар напорно се подготвуваат со цел подготвени да влезат во вториот дел од сезоната, во кој имаат задача да ги анулираат оние шест бодови негатива зад екипата на Академија Пандев. Шансите се уште постојат да се освои лигата, а еден од играчите кој е стандарден во дефанзивната линија на оваа генерација е стоперот Алек Сељанац, кој верува дека неговата екипа може да се врати на врвот во пионерската лига. Во следново наше интервју, разговараме со стоперот на вардаровите пионери кој даде свое видување за есенскиот дел од сезоната.

3612

-Точно дека имаме негатива од 6 бода, но јас лично сметам дека истата не е недостижна, и бидејки сега сме комплетни во тимот, дека ке успееме да ја анулираме. Како што напоменав во есенскиот дел имавме многу повредени играчи кои беа стандардни, па така и оттука немавме доволно сила да направиме подобри резултати. Имаме голема „хемија“ и „жар“ во тимот и така да сум уверен дека пролетниот дел ќе бидеме комплетни и ке се вратиме повторно на врвот, каде што и припаѓа да биде Вардар.

Оваа генерација во пролетниот дел ќе има нов тренер, се работи за Милан Коцески кој ќе замени Стефановски-Гаге кој беше прекомандуван да работи со младинскиот состав на Вардар.

-Во тек сме со припремите кои се со висок интензитет благодарејки на нашиот нов тренер Милан Коцески, кој работи доста посветено и макотрпно со нас, па се надеваме дека во пролетниот дел ке заблескаме.

1184

Алек е стандарден во составот на вардаровите пионери, борбен и пожртвуван играч кој дава максимум на секој натпревар. Неговата желба е повик во националната селекција, кој се надеваме дека набргу ќе се случи.

-Да, секако дека сметам дека заслужувам да добијам повик во репрезентација бидејки како што рековте имам голема минутажа во екипата и давам максимум од себе на секој натпревар, така да се надевам дека доколку ми се укаже шанса за во репрезентацијата на Македонија истата ке ја оправдам.

Оваа генерација минатата сезона под водство на Деспотовски ја освои двојната круна, а Алек верува дека успехот ќе го повторат и на крајот од оваа натпреварувачка сезона.

-Минатата сезона со тренерот Филип Деспотовски освоивме двојна круна, секако и оваа година ке атакуваме на истата цел. Филип Деспотовски беше голем мотиватор и веруваше во нас, затоа и бевме толку успешни. Убеден сум и оваа година ќе донесеме два пехара на Вардар.

3512

Вардар одигра контролен натпревар со екипата на ОФК Београд, кој го доби во своја корист. Ова беше силен тест натпревар за пионерите пред стартот на пролетниот дел.

-Очекувавме тежок меч, наидовме на голем отпор, тие играа многу агресивно и грубо и во првиот дел од мечот беа доминантни. Но набргу влеговме во мечот и покрај нивното притискање успеавме да го отвориме резултатот. Реално требаше да водиме со повеќе разлика, но имавме повеке пропуштени прилики. ОФК Београд е достоен противник и можам да кажам дека изигравме многу добар меч, на кој на крајот квалитетот сепак пресуди во наша полза. Имаме уште доста до почетокот на пролетната сезона, но јас сум сигурен дека сме на добар пат да се вратиме на старите патеки, односно на врвот.

Звонко Ивановски