Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Девојките од Вардар М16 го „платија данокот на неискуството“, на деби меѓународниот настап два порази по пресврт
Девојките од Вардар М16 го „платија данокот на неискуството“, на деби меѓународниот настап два порази по пресврт

Девојките од Вардар М16 го „платија данокот на неискуството“, на деби меѓународниот настап два порази по пресврт

 Девојките од тимот на ЖКК Вардар М16, го играат својот прв меѓународен турнир, засега збираат искуство и одлично се снаоѓаат на нивното деби на меѓународна сцена. Дамите кој ги предводи Наков Славица на која и асистира капитенот на првиот тим Деловска Симона  вчера одигаа две средби на турнирот  “Basketgirls Superchallengе” во Унгарија. Покажаа дека има “крв“ во нив иако забележаа порази, за напомена на полувреме на двата дуели имаа позитивен резултат, сепак во вториот дел го платија “данокот на неискуството“.

Најпрвин се сретнавме со тимот на Давид Корнер Баскет Академија. Во првиот период бевме рамноправни со ривалот, одлично париравме завршувајќи го истиот со резултатска симетрија 16-16. Во вториот беше идентично, двата тима успеаа да постигнат по 13.поена во противничкиот кош па на одмор заминавме со резултат 29-29.   Противникот беше поуспешен во вториот дел и дојде до победа со резултат 58-73. Кај нас Нина Зафирова погоди 26.поена, Ана Ангеловска впиша 12, додека 10.поена беа дело на Гилева Тамара.

Во вториот дуел за ривал ја имавме екипата од Унгарија, тимот на Ратгабер Баскет Академија.  По една четвртина нашиот ривал успеа да поведе со девет поена (29-20). Девојките на Наков и Деловска одигаа  инспиративна втора четвртина која ја добија со убедливи 8-22 и на одмор заминаа со предност (37-44).   Ривалите победија во вториот период со 73-54. Кај нас блесна Гилева која погоди 23.поена, Зафирова впиша 13, а Ана Миланова дуелот го заврши со 8.поена.