*Преземено од официјалната страница на Комити Запад
Традиционалниот турнир во мал фудбал, кој 9 години се организираше како Меморијален Турнир во чест на Томо – Комита, по една година пауза, повторно се враќа како еден турнир за сите наши прерано заминати членови “Во чест на Отсутните”
Турнирот ќе се одржи во ООУ Крсте Мисирков во Ченто
Време на одигрување на натпреварите:
- Петок, 14.02 и Недела, 16.02 – Разигрување
- Петок, 21.02 и Недела, 23.02 – Четвртфинале, Полуфинале и Финале
Агенда:
– Турнир 5+1 плус резерви
– Елиминациски систем
– Пријавување екипа 1000 денари
– Име на екипа поврзани со нашите прерано заминати членови.
– Рок на пријавување до Среда, 12.02.2020 до 18:00ч.
– Ждрепка Четврток, 13.02.2020 во 18:00ч.
– Забава, Пиво, Скара, Музика, Дружба…Гарантирани