Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Пирин куп: ФК Вардар генер.2008 тргна со висока победа, генер.2009 со добар меч и освоен бод
Пирин куп: ФК Вардар генер.2008 тргна со висока победа, генер.2009 со добар меч и освоен бод

Пирин куп: ФК Вардар генер.2008 тргна со висока победа, генер.2009 со добар меч и освоен бод

Три генерации на фудбалскиот клуб Вардар од денес се до 2.септември ќе бидат дел од меѓународниот турнир “Пирин куп„, кој се одигра во градот Сандански ( Бугарија). Тоа се генерациите родени “2007„, “2008„ и “2009„ година. Веќе утрово две наши црвено-црни екипи ги одиграа своите дуели.

ФК Вардар генер.2008 во првиот дуел утрово го победи тимот на ФК Доростол со високи 8-0 (4-0). Ние доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра и уште по првиот дел со четири гола најавивме висока победа. Головите за тимот предводен од Крстев беа дело на четири играчи. Арти Азизи даде 4 гола, Лука Трпевски беше стрелец на два, апак Стефан Бранковски и Горазд Филиповски стрелаа по еднаш на овој дуел.

ty

Најмладата вардарова генерација на овој турнир, момчиња родени “2009„ година предводена од Зоран Петковски утрово одигра натпревар со тимот на ФК Валенсиа Варна. Овој натпревар беше тврд и неизвесен со многу борба и заврши со поделба на бодовите. Ние до првите бодови во групата-Ц дојдовме со резултат 0-0.