Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Подмладениот ЖРК Вардар вредно ги одработува летните подготовки во Скопје, идниот викенд стартува лигата
Подмладениот ЖРК Вардар вредно ги одработува летните подготовки во Скопје, идниот викенд стартува лигата

Подмладениот ЖРК Вардар вредно ги одработува летните подготовки во Скопје, идниот викенд стартува лигата

Подмладениот тим на ЖРК Вардар дваесетина дена ги одработува летните подготовки за новата сезона во женската ракометна конкуренција. Тимот работи во Скопје, претежно со двапати на ден во С.Ц “Јане Сандански“. Оваа сезона тимот е составен од ракометарки родени 2002 година и помлади, кои сега добиваат шанса да се натпреваруваат во сениорска конкуренција, да собираат искуство и да го покажат својот квалитет. Бидејќи сите девојки според возраста се младинки, истите истовремено ќе играат и во младинската лига на Македонија.

zrk2

Со екипата  работат Симе Симовски и Драгана Пецевска. Симовски неколку години го водеше тимот на Вардар јуниор со кој беше и вице првак на Македонија, а Драгана Пецевска Ристова лани ја водеше кадетската и младинска екипа на Вардар. Сега тимот на Вардар ќе биде составен од ракометарки од сопствената школа, и покрај тоа што ќе играат во сениорска конкуренција во Супер лигата истиот состав ќе настапува и во младинска конкуренција. Првиот натпревар ги очекува идниот викенд на 8/9.септември,  во првото коло ние сме домаќини на ЖРК Куманово. Составот на “новиот ЖРК Вардар“ може да го пронајдете на нашиот сајт-овде!