Вчерашната средба помеѓу црвено-црните и Металург донесе малку неизвесност, но кога избраниците на Парондо притиснаа и брзо дојдоа работите на место. Вардар победи со 34-28 (17-15) за отворање на новата сезона во СЕХА лигата на дуелот одигран во Јане Сандански. По мечот на свои видувања дадоа тренерот и крилото на вардарци.
Парондо: Во првото полувреме против Металург не одигравме најдобро. Одигравме слабо и така не смееме да играме во иднина. Имавме лош интензитет на играта и јас постојано зборувам дека мораме да бидеме многу подобри во секој дел од играта. Ова беше тешка средба во текот на сите 60 минути и ни остави трага на резултатот во првите 40 минути. Во продолжението беше поинаку. Го кренавме нивото и се подобривме. Успеавме да одиграме далеку подобро, но јасно е дека мораме да работиме напорно во следниот период доколку сакаме уште подобри резултати
Поповски: Мораме да ги сфатиме противниците далеку посеризно доколку сакаме добри резултати. Во нападот не бевме лоши, но секако треба да се подобриме во одбраната,.