Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Пјаца: Размислувам само за подготовките и Вардар
Пјаца: Размислувам само за подготовките и Вардар

Пјаца: Размислувам само за подготовките и Вардар

По настапот на Пјаца на Европското првенство во Франција, голем број на италијански великани тргнаа по потписот на младиот и талентиран играч на Динамо Загреб. Пјаца беше најпрвин поврзуван со трансфер во Интер, а денес излезе и информација дека заедно со неговиот соиграч, исто така од Динамо Рог, ќе потпишат за Наполи. Пјаца денеска даде изјава за официјалната веб страна на Динамо Загреб, на која беше поврзан и нашиот Вардар, па ви пренесуваме дел од неговата изјава:

Секако дека ми е чест да ги читам имињата на сите тие големи клубови кои се поврзани со мене, тоа значи дека ме следат и дека правам нешто добро. Сите ме прашуваат дали заминувам. Вистинско време за заминување е кога ќе се појави заинтересиран клуб чија понуда ќе биде прифатлива за Динамо и моја лична амбиција. Дали ќе биде тоа утре, за еден месец, или една година тоа никој не го знае. Среќен сум во Динамо, Динамо бил и ќе биде вечно мој клуб, јас веќе неколку денови размислувам за подготовките  и дуелот со  Вардар. – Изјави Пјаца

Фото: