РК Вардар има најдолга европска историја од сите црвено-црни колективи, исто така има највеќе мечеви во групната фаза од шампионската лига од сите домашни екипи. Досега имаме одиграно 10 сезони во елитната лига, иако последните три во ерата на Сергеј Самсоненко се најзабележителни во однос на остварениот резулат, сепак ние имаме долга историја во најквалитетното натпреварување. Трипати во последните три сезони сме на “чекор“ од собирот на најдобрите четири екипи на стариот контитент во Келн каде се одигрува Ф-4 турнирот. Показател за нашиот квалитет е и ЕХФ ждребувањето кога европската куќа на ракометот не става во “третиот“ шешир односно смета дека сме по вкалитет 5 или 6 тим во ракометна Европа. Вардар гледано статистички баш лани ја имаше најуспешната сезона досега, бидејќи имаше дури десет победи и два нерешени средби во шампионското друштво.
Досега само четири македонски екипи забележиле настап во ЕХФ Лигата на шампионите . Црвено-црните имаат одиграно највеќе мечеви од сите или вкупно 86 меча, зад нас е Металург со 72 меча. Ние сме најуспешен тим во однос на остварените резулати имаме 0,85 освоени бода по дуел ( доколку сите мечеви ги сметаме 2 бода за победа, 1 за нерешен), нашиот ривал од Автокоманда има 0,82 освоени бодови по меч, Јафа има 0,66 бода а пак Пелистер 0, 33 бода. Пред нас е нова сезона во која загаранирани ни се најмалку 14 меча во групната фаза, а судејќи по нашиот квалитет повеќе и од очекувано е наш настап и во нокаут-фазата. Во продолжение листата на настапи на македонските преставници во Л.Ш :
Вардар – 86 натпревари 31 победи 11 нерешени 44 порази
Металург – 72 натпревари 27 победи 5 нерешени 41 пораз
Јафа промет – 6 натпревари 2 победи 0 нерешени 4 порази
Пелистер – 6 натпревари 1 победа 0 нерешени 5 победи