Филмот наречен ”Руски Вардар” е поставен на Јутуб на 29 мај оваа година. Во овој така наречен филм кој трае 42 минути, најпрвин е преставен главниот град Скопје. Потоа е преставен Градскиот стадион, хотелот Русија како и салата Јане Сандански. Во овој филм се интервјуирани повеќе лица од Вардар: Најпрвин, сопственикот на Вардар, господинот Сергеј Самсоненко кој говори за проектот Вардар, а потоа во овој филм интервјуирани се и играчите на Вардар и тоа: Тимур Дибиров, Сергеј Горбок (веќе поранешен играч на Вардар), Давид Камара (тренер), Деревен, тренерот на ЖРК Вардар Индира Кастратовиќ, како и многу други. Погледнете го овој интересен видео материјал во продолжение, кој е на руски јазик.
Фильм Артёма Шмелькова