На вчерашната седница на управниот одбор на ФФМ, беше донесена конечната одлука, Вардар да биде прогласен за Шампион на Македонија во натпреварувачката сезона 2019/20.
Познато е кога ќе стартува и новата сезона во ПМФЛ, на 9.август Вардар ќе ја започне одбраната на Шампионската титула, додека Купот на Македонија ќе стартува на 23 септември, додека трансфер периодот ќе трае до 6.септември.
За жал, иако завршивме како Шампиони, Вардар нема да настапува во Европските натпреварувања, односно во Лигата на Шампионите поради неисплатени долгови. Се уште е непозната и судбината на Вардар, а во наредниот период се надеваме дека клубот ќе добие и нов сопственик и нова структура.