Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов имаше оперативен зафат на носот, капитенот се чувствува добро
Стоилов имаше оперативен зафат на носот, капитенот се чувствува добро

Стоилов имаше оперативен зафат на носот, капитенот се чувствува добро

Капитенот на Европскиот Шампион, Стојанче Стоилов, имаше хируршка интервенција на носот.

Операцијата беше изведена во „Аџибадем Систина“, после која Стоилов се чувствува добро. Беше направен оперативен зафат за искривување на носната преграда, а Стоилов имал проблеми при дишење на нос, за време на тренинзите и натпреварите.

Како што истакнал, Столе, подолго време имал проблеми, но сега е среќен што го надминал овој проблем и што се чувствува добро.

Вардарци со подготовки за новата сезона треба да стартуваат на 18.јули, а екипата полека се комплетира, што се однесува до засилувањата и играчкиот состав со кој тренерот Алушовски ќе располага во новата сезона.