Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Момците на Кралевски доминираат во Детската лига, Вардар ген.2009 со две убедливи победи
Момците на Кралевски доминираат во Детската лига, Вардар ген.2009 со две убедливи победи

Момците на Кралевски доминираат во Детската лига, Вардар ген.2009 со две убедливи победи

ФК Вардар генерација родени 2009 денес дојдоа до две победи во детската лига. Момците на Игор Кралевски со постигнати 12 гола и ниту еден примен дојдоа до две високи победи.

g2

ФК Вардар (1) го совлада тимот на ФК  Еуроспорт со резултат 4-0 (1-0). Дуелот започна со шанса за ривалот, Баснарков на нашиот гол отвори со одлична одбрана.  Првиот дел не донесе многу возбудувања, сепак истиот го решивме во наша полза. Погодокот за водство дојде од казнен удар, пеналот го изведуваше Дарин Михајловски. Со силен и прецизен удар тој донесе предност од 1-0. До крајот на првиот дел имавме уште една голема шанса, Јаков Стојковски погоди статива откако доби одлична асистенција од Матеј Николов. Со минимлана предност заминавме на одмор.

g

Вториот дел повторно започна со одбрана на Баснарков на нашиот гол. Николов Матеј и капитенот Вито Павлов имаа шанси кои не ги претворија во втор погодок. Удвојување на водството дојде преку Јаков Стојковски,  тој шутна силно одбраната си постигна авто-гол. Папалиски Васко успеа да погоди потоа за 3-0, ние имавме доминација на теренот. Дарин Михајловски зема да изведе слободен удар, одлично го префрли живиот ѕид и погоди за 4-0. Баснарков повторно беше непремослива пречка за противничките напаѓачи. Пред нашиот гол две одлични интервенции по последен момент имаше нашиот дефанивен играч, Павел Котески-Митровски кој ја вадеше топката и од гол-линијата. Последна прилика на оваа средба имаше Папалиски кој шутна силно крај голот.

g9

ФК Вардар (2) високо ја совлада екипата на Њу Старс (3) со резултат 8-0. Ние тргнавме офанзивно по првата судиска свирка. Антониј Аџиоски прв се закани кон голот на ривалот. Една топка дојде до Сулејман Качман, нашиот офанзивен играч одлично реагираше и погоди за 1-0.  Ние доминиравме постојано, ривалот беше ориентиран на дефанзива во текот на првиот период од 25.минути. Колевски Даниел погоди со удар од над 20.метра, погодувајќи ефектно за 2-0. До крајот имавме уште еден момент за одбележување, тоа е голот на Матеј Крстевски кој ги постави конечните 3-0 за првото полувреме.

g6

Вториот дел започна со шанса на ривалот, повторно Баснарков одлично одбрани на нашиот гол. Две прилики потоа имаше Андреј Кралевски, во првата по соло продор умешно влезе во позиција голманот одбрани, во втората погоди крај гол. Колевски со силен удар ја задрма стативата, ние доминиравме, постојано се играше пред голот на ривалот. Кралевски одлично се ослободи од чуварите, даде одличен пас, добрата асистенција ја награди  Сулејман Качман кој погоди втор пат денес.  За 5-0 стрелеше Аџиоски од непосредна близина, потоа истиот играч погоди и за 6-0, Андреј Кралевски изведе слободен удар, голманот одби и Аџиовски стрелаше за шест голови предност. Ние до крајот имавме уште две прилики кога ги претворивме во погодок. За 7-0 погоди Димитар Ацевски, додека од пенал конечните 8-0 гол постигна Андреј Кралевски.