Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > „Јане Сандански“ никогаш не видел вака слабо полувреме, Вардар совладан од Кил
„Јане Сандански“ никогаш не видел вака  слабо полувреме, Вардар совладан од Кил

„Јане Сандански“ никогаш не видел вака слабо полувреме, Вардар совладан од Кил

Вардар денес беше совладан од Кил, одигравме ужасно прво полувреме кое не се памети во Јане Сандански. Поразот дојде со резултат 20-31

4

Вардар го одигра веројатно најслабото прво полувреме во историјата. Ривалот поведе со 0-4 , ние прв гол постигнавме во 12.минута преку Чупиќ од пенал. Нашата игра во офанзива беше прочитана максимално. Ривалот поведе со огромни и високи 1-11,  втор гол постигнавме дури во 20.минута кога Кристопанс намали на 2-11. Ландин беше одличен на нивниот гол, покрај тоа имавме неколку удари покрај и во конструкцијата од голот на германците. Публиката постојано даваше поддршка од трибините, сепак за жал тоа не влијаеше на нашите момци.  Кил  поведе со 2-13, Писонеро потроши два тајм-аути, заигра со  Атман на среден бек, Дисингер на лев и  Пелко  како кружен напаѓач со цел да смени нешто.   Нововлезениот, Кугис врза две одбрани па ублаживме со голот на Шишкарев на 4-13 во 26.минута.  Ландин покажа дека е светска класа, одбраните кои ги оствари во првиот дел ги запрепастија сите. На одмор заминавме со резултат 4-16.

2

Вториот дел започна со најголемата негатива дотогаш, ривалот зголеми по првиот напад на 4-17. Конечно заличивме на тим, со првиот гол на Дисингер сезонава намаливме на 7-17 во 33.минута. Вардар можеби денес ја немаше најдобрата игра, но дефинитивно ја има најдобрата публика која непрестана да ги подржува и на вакаов лош резултат. По седум минути беше 10-20, по една одбрана Гедбан погоди од гол на гол.  Во вториот дел ја подобривме играта, сепак огромната залиха на противникот му даваше комоција.  Одигравме помотивирано, успеавме во 45.минута да намалиме на  седум гола, 15-22. Калифа денес втор пат погоди кога дојдовме на минус шест, потоа   дојдовме на само пет негатива, 18-23.  Поразот дојде со резултат 20-31.

Дибиров најефикасен со 5, додека Кристопанс постигна 4 голови. Ова е прв пораз сезонава за Вардар, додека Кил со овој триумф ќе избие на првото место во групата Б.