Вардар го претрпе првиот пораз сезонава во Лигата на Шампионите и тоа пред своите навивачи од екипата на Кил. Црвено-црните не паметат ваков пораз последните неколку години, Кил успеа да не победи со двоцифрена разлика, резултатот на крајот гласеше 20:31. Одигравме лошо полувреме во кое успеавме да постигнеме само четири голови. На прес-конференцијата после завршување на мечот своите впечатоци ги искажа тренерот Писонеро кој го изјави следново:
-Ова е тежок пораз за нас во овој натпревар. Имавме многу проблеми во првиот дел, никогаш во мојата тренерска кариера не сум имал полувреме со само четири постигнати голови. Во второто полувреме, пак, игравме подобро и функциониравме, но не успеавме да направиме нешто повеќе поради големата негатива во првиот дел. Благодарност до навивачите, жалиме затоа што не победивме. Едноставно, првото полувреме беше катастрофа за нас. Грешевме во шутевите, а тоа сигурно влијаеше на поразот. Во вториот дел притискавме, ја разбивме тешката дефанзива на Кил. Мора да продолжиме понатаму, ова е само еден пораз.
За високиот пораз жали и Дибиров, кој истакна дека мора да продолжиме со кренати глави.
-Мора машки да го поднесеме поразот и да му подадеме рака. Натпреварот беше одличен за Кил. Пред мечот сакавме да видиме до каде сме, добро е што Кил ни покажа навистина до каде сме. Мора да работиме и да се подготвуваме за понатаму. Атмосферата беше одлична, штета што не ги израдувавме сите што беа тука и што гледаа на ТВ-екраните