Победа за младата кадетска селекција на Македонија беше остварена во Бугарија. По ремито против домаќинот, машката репрезентација славеше во второто коло од Балканијадата против Романија.
Првиот дел беше релативно изедначен, мечот започна со по пет гола во двете мрежи, романците успеаа со минимална предност од еден гол да заминат на пауза. За време на одморот тие водеа со резултат 13-14, Во вториот дел одигравме подобро направивме пресврт и остваривме водство. Екипата која игра во А-ЕХФ Шампионатот не водеше со 15-16, ние направивме серија 5-1 по која поведовме со 20-17. Го исконтролиравме дуелот и победивме со четири гола предност, 26-22. Македонија одржа час по ракометна дисциплина, борбеност и залагање.
Вардарци беа на ниво, Давид Савревски постигна шест гола, Велимир Грујовски во одбраната одигра пеколно како што тој знае. Работата и анализите на големиот ракометен голмански стручњак, Александар Царчев беа пресудни на овој меч. Младиот голман Ацевски, неговиот пулен го реши дуелот со неверојатни 19.одбрани, тој имаше неверојатни 46% ефикасност при одбраните.