Денес на терените на ФФМ продолжи детската фудбалска лига, а претпоследното коло од регуларниот дел на сезоната го играше Вардаровата генерација “2005“, која стигна до две нови победи. Тие во дуелите со Њу Старс и ФК Македонија Ѓ.П дојдоа до два триумфа со вкупно постигнати 25 погодоци.
Екипата на ФК Вардар (2) се сретна со тимот на Македонија Ѓорче Петров, во овој дуел избраниците на Игор Кралевски дојдоа до победа со резултат од 19-2 (5-2). Од првата минута вардарци тргнаа агилно и офанзивно со цел рано да поведат и да дојдеме до предност. Погодивме преку Стефан Ристовски за 1-0 и наше прво водство. Во продолжение доминиравме целосно на теронот па на средината од првиот дел водевме и со високи 4-0. За нас погодоците ги постигнаа Стефан наумовски, Матеј Николовски и Александар Калановски. По ова следеше преиод во кој нашиот противник искористи тоа што малку се опуштивме и намали на 4-1 најпрвин од игра, а потоа од пенал намалија на 4-2. Тоа беше се што можеа да сторат во првиот период, по овоа ние тргнавме во целосна офанзива во продолжение. До крајот погодивме за 5-2 преку Матеј Николовски.
Вториот дел го почнавме со две нереализирани прилики најпрвин шанса имаше Александар Калановски , а потоа прилика имаше и Горјан Цветковски. Токму Горјан во продолжение погоди за 6-2. После ова наше водство следеше вистинска голејада во мрежата на екипата од скопската населба Ѓорче Петров. Набрзина почнавме да ја решетаме мрежата на нашиот противник постигнувајќи 9 гола во продолжение. Па така на пет минути до крајот водевме со 15 гола предност односно со резултат 17-2. До крајот погодивме во последните пет минути од мечот уште двапати. Најпрвин по асистенција на Александар Калановски погоди Стефан Наумовски за 18-2, а Радевски Стефан стави печат на дуелот со неговиот втор погодок денес за конечен резултат 19-2 на овој дуел во генерацијата за момци родени во 2005 година и помали. За нас 19-те гола ги постигнаа повеќе играчи и тоа: Александар Калановски постигна 4, Стефан Ристевски даде 2, Лука Јакимовски 1, Дамјан Коневски 1, Матеј Николовски2, Стефан Наумовски 3, Радевски Филип 3 и Горјан Цветков 3 гола.
Вардар (1) за противник го имаше тимот на Њу Старс. Овој меч го добивме со резултат 6:0. Набргу го отворивме резултатот со голот од беалта точка, кој беше дело на Филип Јовановски за 1:0. Имавме целосна доминација на овој натпревар, каде создадовме голем број на шанси кон противничкиот гол, Следен кој се обиде беше Матеј Гаштаров, но неговиот обид го брани голманот на Њу Старс. Попушти повторно одбраната на противникот, а нивниот голман беше принуден по втор пат да ја вади топката од мрежата. Никола Величковски беше новиот играч кој погоди, за предност од 2:0. Јовановски имаше убава можност да постигне уште еден гол, после нафрлена топка од десната страна, но неговиот удар го брани голманот. Откако противникот направи три корни, беше досуден нов пенал за Вардарци. Сигурен реализатор од оваа позиција беше Гаштаров, кој биеше силно за водство од 3:0. До крајот на првиот дел видовме уште еден гол на Матеј Гаштаров, кој биеше во долниот лев агол од голот на Њу Старс за предност од 4:0. Со овој резултат се замина на полувреме.
Првата голема шанса во вториот дел ја имаше Тино Спасиќ, кој ја погоди стативата од противничкиот гол. Се обиде и Гаштаров, но резултатот остана непроменет. Прв гол на денешниот дуел запиша и Тино Спасиќ кој зголеми на убедливи 5:0 за својата екипа. За одбележување е добрата шанса на Петар Пројкоски, кој излезе сам со голманот, кој беше поуспешен. Откако еден од нашите играчи беше фаулиран во голманскиот простор, судијата оправдано покажа на белата точка. Тренерот Кралевски му даде шанса за удар на Давор Лефковски, кој ја претворува во гол за резулта од 6:0. Имаше и Њу Старс два обиди, кои ги одбрани голманот Леонид Илиевски. Последна прилика имаше Спасиќ кај Вардар, но топката оди над голот. Со резултат од 6:0 заврши овој меч.