Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар генер. “2008” забележа две победи во Детската лига
Вардар генер. “2008” забележа две победи во Детската лига

Вардар генер. “2008” забележа две победи во Детската лига

По двонеделна пауза, повторно со настапи продолжи генерацијата 2008 на Вардар. Денеска противници на нашите млади момчиња беа екипите на Њу Јорк и Скупи 2. И двата натпревари вардарги ги добија. Њу Јорк беше совладан со 3:1, додека пак Скупи 2 со резултат 3:0.

Најпрвин на теренот излезе Вардар (2) кој одигра против Њу Јорк. Овој натпревар нашиот тим го доби потешко од очекувањата, голем број на шанси не беа искористени во текот на натпреварот. По првиот дел Вардар не најде начин да го совлада противничкиот голман. Но затоа во вториот дел тоа умешно го направи дури на три наврати. Најприн Коста Бошковски стрелаше прецизно за 1:0. Набргу дојде и вториот гол на Вардар, овој пат еден противнички играч несреќно си постигна автогол за 2:0 за Вардар. Њу Јорк не се предаде, намали на 2:1 со одличен слалом и погодок на еден нивни играч, овој погодок наликуваше на продор на Меси. До крајот на мечот Вардар не останви ништо на случаноста, со погодок на Павел Андов, Вардар стигна до 3:1 кој беше конечен резултат од овој дуел.

Вардар (1) пак, лесно се справи со тимот на Скупи 2. Овој тим продолжи со убедливите игри и победи во детската лига. Уште во почетните 3-4 минути Вардар дојде до предност од 1:0 со погодок на кој друг ако не Ненад Дамјановски, Нено стрелаше прецизно за рано водство на Вардар. Потоа до крајот на првиот дел истиот играч Ненад Дамјановски стрелаше прецизно за веќе предност од 2:0, со овој резултат се замина на пауза. Во вториот дел Вардар погоди и три стативи од голот на Скупи 2. Разликата можеше да биде многу по убедлива доколку нашиот тим имаше повеќе среќа. Конечните 3:0 од овој дуел ги постави Марко, овој играч успеа да искористи една одбиена топка на голманот и да ја смести во мрежата на Скупи. Со резултат 3:0 заврши натпреварот.