Помалите петлиња на Вардар на домашен терен ја совладаа екипата на Милано со високи 5-1 на дуел на кој доминираа.
Тргнавме офанзивно на оваа средба, тоа ни донесе прилика први да поведеме преку Џихан Ибраими кој стрелаше за 1-0. Потоа стрелецот на првиот гол имаше шанса да ја удвои предноста. Една топка дојде до Михаил Атанасовски кој рутинирано погоди за 2-0. Голема шанса имаше за црвено-црниот тим и Атанасовски Михаил, неговиот удар мина крај десната статива. На сцена стапи денес одличниот Џихан Ибраими, најпрвин стрелаше во мрежата на кумановчани за високи 3-0, а потоа погоди и за резултат 4-0 со кој се замина на одмор на оваа средба од Регионалната лига за генерација 2010. Вардарци имаа полувреме зад себе во кое целосно доминираа во сите аспекти на фудбалската игра.
Вториот дел започна со една шанса на гостинот која мина крај голот на Ангеловски. Потоа ние продолживме со доминацијата на теренот, тоа донесе погодок за високи 5-0, за нас погоди Лука Митревски со силен удар по земја. Нововлезениот Стојановски Матеј се закани со глава, сепак голманот на Милано беше на место, вардарци имаа тотална офанзива и во првата половина на вториот дел. Милано по една наша грешка во одбраната намали на 5-1 на средината на вториот дел. Двата тима направија голем број измени следеше пад на темпото дуелот заврши со победа на црвено-црните со четири гола, односно со резултат 5-1.
⚽️Вардар: Ангеловски Марио, Аврамоски Калин, Трпевски Матеј, Митевски Лука, Ибраими Џихан, Атанасовски Михаил, Антевски Павел, Јоакимовски-Јакимовски
Лука, Јовановски Ведран, Краљевски Мартин и Донев Стефан.
⚽️Играа уште: Стојановски Матеј, Гиевски Теодор, Алексовски Матеј, Томев Алек, Ибраим Амзи, Петровски Дургутов Петар и Кичевски Дамјан