Денес во Кадино, ФК Вардар ген.2009 беше одличен и го совлада Милано во регионалната лига со резултат 3-1 (3-0).
Вардар и на оваа средба тргна офанзивно против тимот на Милано. Нашите момци почнаа со доминација и креација на шанси. Коста Бошковски и Смиљков Мартин на почетокот се заканија по два пати кон голот на гостинот. Павловски Давор успеа да го отвори дуелот со погодок и стрелаше за 1-0. Атакувавме за да удвоиме, топката дојде до Коста Бошковски кој со удар од 30.метра постигна атрактивен погодок за 2-0. Имавме шанси и по овој погодок Павел Котески-Митровски упати удар крај голот. Вардарци имаа доминација која ја круниса Дошев Максим со погодокот за конечните 3-0 во првиот дал на оваа средба од 4.коло во регионалната лига за генерација 2009.
На почетокот на вториот дел почнавме офанзивно, две прилики имаше Нешовски. Најпрвин од игра, а потоа и од слободен удар упати шут крај голот. Дошев Максим доби една топка на 30.метра, исфрли два чувари шутираше силно, за жал топката заврши во гредата од голот на кумановчани. Казната дојде преку пенал, екипата од Куманово намали на 3-1 на 15.минути до крајот на оваа средба со прецизно изведен казнен удар. Се обидовме да ја вратиме предноста од три гола, нововлезениот Вито Павлов се обиде два пати, најпрвин погоди во гредата со удар од 20сетина метра, а потоа од иста дистанца неговиот удар го одбрани гостинскиот голман. Победата дојде со резултат 3-1
⚽️Вардар: Грчевски Лука, Колевски Даниел , Дошев Максим, Котески-Митровски Павел, Нешовски Ангел, Бошковски Коста , Павловски Давор, Ангеловски Вилијам, Галевски Лука , Смиљков Мартин и Јовиќ Андреј.