Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на ЖРК Вардар со висока победа на стартот од сезоната
Кадетките на ЖРК Вардар со висока победа на стартот од сезоната

Кадетките на ЖРК Вардар со висока победа на стартот од сезоната

Кадетките на ЖРК Вардар имаа убедлив старт на новата натпреварувачка сезона во кадетската Супер Лига. Денес во спортската сала „Круме Кепески“ нашите кадетки предводени од Платон и Папуџиева стигнаа до висока победа во соочувањето со екипата на Делчево. Конечните резултат после 60.минути игра гласеше 41:22 (23:9).

1

Одлично го започнавме натпреварот и со серија од четири погодоци поведовме со 4:0, откако погоди денес најефиканата Леона Миленкоска, за својот прв гол гостите од Делчево да го постигнат во 4.минута од натпреварот за намалување на резултатот. Следеа уште два погодоци во серија за противникот за намалување на 4:3, ние не погодивме пет минути, за таа серија да ја прекине Дона Тодоровска. Во 11 минута тренерот на Делчево побара тајмаут, откако ние со погодокот на Божиновска зголемивме на 7:4. На нашиот гол одлична беше Ѓорѓиева која имаше неколку интервенции, а како одминуваше првиот дел, ние постепено ја зголемувавме разликата во наша корист. Во 14 минута беше 10:4 со голот на Франгоска, за во 25.минута да имаме двоцифрена разлика од 18:8, откако погоди Миленкоска. На полувреме имавме високо водство од 23:9.

2 3 394361874_1026111525135345_5401171219222176891_n

Во вториот дел, нашиот тренерски тандем на клупата им даде шанса за настап на сите ракометарки кои беа на располагање за денешниот натпревар. Со секоја помината минута ние ја зголемувавме разликата, а до крајот на мечот сите ракометарки, освен двата голмани, успеаа да се запишат во листата на стрелци. Второто полувреме беше рутина за нашите кадетки кои славеа победа со резултат 41:22.

Вардар: Хасаноска, Станковиќ 2, Стојанова 2, Франгоска 2, Божиновска 3, Јанева 1, Дамјаноска 2, Павичевиќ 1, Ристовска 1, Дона Тодоровска 6, Драгана Тодоровска 3, Смилевска 1, Попова 2, Миленкоска 13, Ѓорѓиева, Сколовска 2.