Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Најдовски и Жуниор ја поразија Ренова, три бода за европско лето!
Најдовски и Жуниор ја поразија Ренова, три бода за европско лето!

Најдовски и Жуниор ја поразија Ренова, три бода за европско лето!

Вардар и врати на Ренова за поразот и денеска ја совлада со резултат 2:0 (1:0). Вардарци одиграа уште еден добар натпревар и сосема заслужено се радуваа на победа и три бода кој се чини дека се доволни за пласман во квалификациите за Лигата на Европа ова лето. Денешни стрелци кај Вардар беа Најдовски со својот втор гол сезонава и Жуниор со својот “првенец”.

Вардар го контролираше првиот дел и заслужено на пауза замина со предност од еден гол. Се играше 45. минута, Филип Најдовски беше побрз од свирчето на судијата Мавров и по еден центаршут на Фелипе, со глава ја смести топката во мрежата на гостинот за на полувреме нашиот тим да замине со крената глава и водство.

Вториот дел започна одлично за нашиот тим. Се играше 50.минута, а Жуниор Реис со својот “првенец” во дресот на Вардар ја зголеми предноста на комотни 2:0. Во продолжението од натпреварот Вардарци имаа уште две супер шанси за нови голови. Најпрвин Ибиши направи се одлично, шутираше, а голманот на гостите со крајни напори успеа да одбрани и да исфрли во корнер. Во следниот напад, Манев не успеа да постигне погодок од само неколку метри, биеше само над голот на Ренова и пропадна и оваа шанса за уште по убедливо водство. Во продолжението од дуелот Вардар го контролираше натпреварот, а Васоски во игра ги внесе Попзлатанов, Адем и во финишот Лира. Со резултат 2:0 заврши денешниот дуел, па така Вардар одново успеа да ја зачува својата мрежа и речиси сигурно да осигура пласман во квалификациите за Лигата на Европа ова лето.