Екипата на Вардар (2) од генерација 2007 денес одигра натпревар во рамките на детската лига. За противник ја имавме екипата на Шкупи, која ја совладавме убедливо со резултат 5:1. Уште во првите минути од мечот успеваме да го отвориме резултатот на 1:0 откако погоди Лука Рајчин, откако топка му додаде Битиќи. Истиов играч успеа да му донесе и водство на Вардар од 2:0, повторно Рајчин наоѓа позиција за удар, голманот ја зафати топката, но сепак таа заврши во мрежата. Бевме многу поконкретни и покреативни од противникот, кој денес не се изнаигра многу. Имаа обид и чаирчани, но одбрани голманот Исајловски. Вардар имаше добра прилика преку Филип Смиљков, кој се уфрли од десната страна, имаше добра позиција, но одбрани голманот на Шкупи. Уште еднаш се обиде Смиљков, но шутира над голот. Се обиде и противникот, но шутира покрај нашиот гол. До крајот на првиот дел постигнуваме уште еден гол во мрежата на Шкупи, истиот го постигна Филип Смиљков за водство од 3:0.
И во вториот дел бевме подобрата екипа на теренот, создадовме уште неколку шанси од кои две успеавме да ги претвориме во гол. Првата акција ја имаа Блажевски кој додаде до Поповски, овој биеше, но одбрани голманот на Шкупи. На голот кај нас во овој дел од мечот беше Спасовски кој исто така имаше интервенција. Најголемата прилика за намалување на резултатот тимот на Шкупи ја имаше од прекин, кога еден еден од нивните играчи ја погоди пречката. Битиќи му асистираше на Смиљков, кој се најде во прилика, но одбрани голманот. Стигна и нов гол во противничката мрежа, прв на денешниот дуел за Јулијан Битиќи кој го зголеми резултатот на 4:0, по асистенција на Мицевски. Во акција во која нафрли Рајчин, со глава биеше Јордановски, одбрани голманот, за топката да заврши во корнер. Повторно нафрла Рајчин од корнер, на топката наиде Димитар Фидановски кој зголеми на 5:0. До крајот на мечот почесен гол и за тимот од Чаир и тоа од пенал, за конечен резултат од 5:1 на овој дуел.