Ново коло во Јуниор лигата денес се одигра во СЦ “Јане Сандански“ во Скопје. Во генерација родени 2004 и 2005 кај момците се одиграа две средби на кои победи остварија екипите на РК Филип Вардар и РК Карпош Вардар.
Во првата средба во генер.2004-05, тимот на РК Филип Вардар од Прилеп беше подобар од скопскиот тим, РК Ангели Вардар. РК Филип отвори со гол за 0-1, на тоа скопскиот тим одговори со иста мерка па успеа да изедначи на 1-1. Првиот дел беше доста борбен, со многу дуели и малце погодоци за разлика од вториот период. Прилепчани во мрежата на РК Ангели Вардар успеаа да погодат уште три пати, пред паузата поведоа со резултат 4-1. Екипата на Ангели намали и со два негатива отиде на одмор (4-2).
Вториот дел беше далеку поефикасен од првиот период, во овој дел двата тима постигнаа далеку поголем број на погодоци во мрежите на ривалот. Вториот период започна со голема серија на РК Филип Вардар кој со 9-0 се одлепи на двоцифрена предност, 13-2. Се до крајот беше рутина на овој дуел до вардаровата Јуниор лига. Ангели успеаа подобро да парираат во продолжение на противникот, РК Филип триумфираше со резултат 19-6
Тимот на Ј.Миодраг-Црни, екипата на РК Карпош Вардар од Куманово ја совлада екипата на РК Урдаревско во втората средба со резултат 34-22. Нивната доминација беше во текот на целиот прв дел на оваа средба. Најпрвин нивниот ривал поведе со 0-1, потоа кумановци се оделпија со серија 5-1 на плус три, 5-2. Од минута во минута беа подобри па на одмор заминаа со 34-22.
Вториот дел започна со доминација на Карпош, како што заврши и првиот период по само 7.минути успеаа да отидат на двоцфрена предност поведувајќи со 23-13. Од тој момент се до крајот се беше рутина за нив, тие ја зголемија дополнително предноста и победија со 34-22.