Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар ген.2007 го совлада Куманово со 7:0, Младеновски погоди пет пати
ФК Вардар ген.2007 го совлада Куманово со 7:0, Младеновски погоди пет пати

ФК Вардар ген.2007 го совлада Куманово со 7:0, Младеновски погоди пет пати

Вардар (1) генер. 2007  денес се сретна со тимот на ФК Куманово во дуел од детската лига. Момците на П.Горан-Чунга доминираа во сите аспекти на фудбалската игра и дојдоа до висока победа со резултат 7-0 (4-0) на дуелот одигран на терените на ФФМ. 

Првиот дел помина во целосна доминација на црвено-црниот тим, денес расположениот за игра Стефан Младеновски прв се обиде. Токму тој играч потоа доминираше во нападот погодувајќи за 1-0, веднаш потоа успеа и да ја удвои предноста со погодок за 2-0. Се играше по дожливо време на лизгав терен, временските услови го отежнуваа дуелот, но не ја намалија нашата доминација на теренот. Борјан Томовски погоди во гредата, Шаботиќ Емир имаше прилика за погодок која не ја реалзиираше, не успеа да стрела и Лука Атанасов чии удар не заврши во целта. Сепак ние успеавме да го удвоиме водството, за 3-0 погоди Иван Блажевски. Конечните 4-0 во првиот дел ги постигна капитенот Грашески Александар.

Вториот дел започна со три големи шанси, една имаше нашиот Борјан Томовски кој повторно ја затресе конструкцијата од голот на кумановчани. Ривалот имаше две прекрасни шанси, сепак на нашиот гол со „пантерски“ интервенции нашиот гол го сочува Лука Јаневски кој покажа одлична форма. Се обиде Киш одкосо, тој шутна лукаво над главата на голманот во обид да го лобува, сепак со крајни напори со „боксување“ топката беше исфрлена во корна. Повторно на сцена стапи Стефан Младеновски кој по краткиот одмор на клупата беше уфрлен во игра, нареди четири прилики. Дури три од нив успеа да ги претвори во гол тој погоди за 5-0, 6-0 и на крајот за 7-0. Токму тој резултат се покажа како конечен на оваа средба на терените на ФФМ .