Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2006 со две победи во детската лига
ФК Вардар генер.2006 со две победи во детската лига

ФК Вардар генер.2006 со две победи во детската лига

ФК Вардар генерација родени 2006, денес на терените на Фудбалската федерација на Македонија одигаа два меча. Момците на Филип Спасевски на овие две средби во детската лига дојдоа до две победи во соочувањата со ривалаите.

cx5

ФК Вардар-1 го совлада со високи 5-0 тимот на ФК Кул во првиот дуел ова утро. Во првиот дел имавме повеќе од играта создававме шанси и бевме тимот кој го диктира темпото. Доминацијата во поле донесе водство од 1-0 преку Нуман Ајетовиќ. Напаѓавме и потоа со цел да го удвоиме водството во што и успеавме. За предност со 2-0 погоди Алтин Алији , резултат со кој се оконча првиот дел. Имавме неколку прилики, најсериозната ја имаше Александар Миовски кој со силен удар ја погоди гредата од голот на ривалот.

cx2

Вториот дел почна со наша доминација, на сцена стапи Величковски Андреј. Тој најпрвин се обиде, сепак ударот не успеа да го претвори во погодок. Потоа шутна од дистанца од над 20.метра погодувајќи ефектно под гредата за предност од 3-0. Два обиди за нов погодок имаше Марко Николовски кои голманот на противникот ги сопре. Величковски пак го проба ударот од дистанца, за жал топката мина крај гол-конструкцијата. Антони Димов успеа да биде ефикасен и зголеми на 4-0. Печат на победата со последниот погодок за 5-0 стави Алтин Нурединовски. Тој со полуволеј ја заби топката во мрежата на противничкиот голман поставувајќи ги конечните 5-0.

cx

Во втората средба екипата на ФК  Вардар 2  генерација родени 2006 го совлада тимот на ФК Драчево  со минимални 2:1(0:0). Во првото полувреме беше прикажана слаба игра од двете екипи без шанси за гол. Немаше некој посебен момент за одбележување во однос на шансите, двата тима играа цврсто со многу дуели и доста грешки во фазата на реализација кога немаа завршен пас кој може да донесе опасност за противничките голмани.

Во второто полувреме Вардар ја подобри играта и беше многу подобар противник. Како резултат на тоа дојде и водството откако после добро изведен корнер топката дојде до Максим Цониќ кој со убав шут ја смести во мрежата. После неколку минути Вардар поведе и со 2:0 откако една убава акција со гол ја круниса Ангел Настевски. До крајот противникот успеа да намали на 2:1. Треба   да се напомене дека и ние имавме шанси преку Танчев , Мицевски и Трифуновски, кои немаа среќа да погодат.  Резултатот остана 2:1 и покрај нашата офанзива сепак тоа донесе  нова победа за Вардар.