Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Победа за ФК Вардар(2) генер.2008 во мечот со Фортуна
Победа за ФК Вардар(2) генер.2008 во мечот со Фортуна

Победа за ФК Вардар(2) генер.2008 во мечот со Фортуна

Денес на терените на ФФМ, момците на Влатко Колев тимот на ФК Вардар (2) генерерација 2008  се сретна со тимот на ФК Фортуна. Црвено-црните дојдоа до победа со високи 11-4 на овој дуел.

Во првиот дел доминиравме на теренот, успеавме да погодиме пет пати во мрежата на противникот. Најпрвин стрелаа Ненад Дамјаноски и  Стефан Бранковски. Потоа од слободен удар по трет пат за нас денес погоди прекрасно  Матеј Киш. Доминиравме во сите аспекти на фубдалската игра, првиот дел го добивме со резултат 5-2. За нас уште еднаш погоди  Дамјаноски, исто така во листата на стрелци се запиша и денес одличниот  Коста Бошковски. Момците на Колев го имаа дуелотпод контрола, покрај петте погодока имавме и гилем број на шанси на оваа средба во првиот дел.

Во вториот дел погодивме на почетокот преку Ненад Дамјаноски за 6-2. Два гола во низа потоа врза  Леон. Ние доминиравме во сите аспекти и во овој период од дуелот. Повторно имавме играч кој погоди двапати едно по друго, станува збор за  Стефан Бранковски. Последен кој денес ја тресеше мрежата на противникот беше  Филип Сребров. Победата дојде со високи 11-4 на оваа средба. Момците на Колев покажаа доминација во играта во текот на двете полувремиња.