Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Висока победа за ФК Вардар генер.2008 на мечот против Спорт Ефе
Висока победа за ФК Вардар генер.2008 на мечот против  Спорт Ефе

Висока победа за ФК Вардар генер.2008 на мечот против Спорт Ефе

Денес на терените на ФФМ, тимот на ФК Вардар (2) генерација  2008  се сретна со екипата на  Спорт Ефе. Момците на Колев Влатко во меч во кој доминираа во целост дојдоа до победа со резултат 5-1 (2-1) и впишаа нови бодови на своето конто.

59295778_10214307199736071_5666948200175501312_n

Првиот дел мина во наша доминација, ние тргнавме офанзивно по првата судиска свирка со цел рано да постигнеме гол. Првиот погодок за црвено-црните го постигна Лука Трпевски со чиј гол отворивме за предност со 1-0. Иако имавме серија прилики за гол не успеавме да ја удвоиме предноста, стигна казна противникот успеа да изедначи на 1-1. До крајот на првиот дел повторно нападнавме и преку Коста Бошковски поведовме со 2-1, тој погоди атрактивно под греда за предност од еден гол со која заминавме и на пауза.

59343000_10214307200096080_2536112574072619008_n

Вториот период беше сличен на првиот ние напаѓавме во поголем дел од дуелот, па на самиот почеток две прилики имаше Стефан Бранковски. Во првата шутна силно крај голот, а во втората беше поефикасен и погоди за предност со 3-1. Доминиравме, противникот се одлучи за дефанзива и се закануваше само по контри кои беа ретки. Најпрвин Ненад Дамајноски со удар од над 15.метра постигна убав гол за 4-1, потоа Матеј Киш со удар откосо ги постигна конечните на оваа средба 5-1. Имавме уште неколку прилики за зголемување на предноста, последна беше таа на Стефан Бранковски чиј удар заврши неколку сантиметри над гредата.