Вардар славеше на драматичниот дуел против АВ Охрид со 70:73 и сега има шест бода повеќе од чаирчани на кои им остануваат пет натпревари до крајот. На пет кола пред крајот на плеј-аутот, јасно е дека Шкупи ќе игра бараж за опстанок во елитната кошаркарска дивизија.
Домаќините на овој меч ја имаа својата шанса, во последната четвртина водеа со пет разлика (59:54), но дозволија пресврт во финишот. Долго време се одеже по жица, одлучуваа слободните фрлања, а клучните ги промаши Атанасов на 11 секунди пред крајот при водство за Вардар од 70:71.Топката ја прифати Анастасов кој веднаш беше фаулиран и два пати погоди од пенал-линијата поставувајќи го конечниот резултат. Радош и Цветковски се најзаслужни за победата на Вардар, заедно постигнаа 34 поени. Милојевиќ реализира 18 поени за АВ Охрид, недоволни за победа на неговиот тим.
Денес црвено-црните го пречекуваат Шкупи во “Кале“ натпреварот е закажан со почеток во 14-00 часот.