Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Бојана Коцева и Ива Ангеловска со најатрактивни голови, погледнете видео-извештај од победата над Куманово
Бојана Коцева и Ива Ангеловска со најатрактивни голови, погледнете видео-извештај од победата над Куманово

Бојана Коцева и Ива Ангеловска со најатрактивни голови, погледнете видео-извештај од победата над Куманово

Најмладите вардарки, пионерките на ЖРК Вардар стигнаа и до својата десетта последователна победа од исто толку одиграни натпревари. Во рамките на групата 1 од пионерската лига, избраничките на Платон и Папуџиева славеа во дуелот со екипата на Куманово, со конечен резултат од 24:7.

Како што ветивме ние од   Вардарфанс во соработка со “Sport.Video Macedonia“  ви овозможуваме видео извештај од оваа средба.  Ова е прв пионерски дуел на нивниот сајт кои ни го овозможија на наше барање поради фактот што Вардар во оваа конкуренција  каде има 100% ефект заслужува  дополнително медиско покривање. Кога станува збор за најубавите два погодоци изборот падна на Ангеловска и Коцева. Крилото на црвено-црните, Ива Ангеловска по една одлична контра погоди атрактивно, нејзиниот гол може да го погледнете ОВДЕ! Една од најквалитните девојки во ростерот, девојката која секогаш игра на ниво Бојана Коцева атрактивно стелаше, нејзиниот погодок погледнете го на следниот ЛИНК.

Видео од најинтересните моменти на средбата со Куманово може да најдете на следниот ЛИНК!