Пионерките на РК Вардар стигнаа и до својата десетта последователна победа од исто толку одиграни натпревари. Во рамките на групата 1 од пионерската лига, избраничките на Платон и Папуџиева славеа во дуелот со екипата на Куманово, со конечен резултат од 24:7.
Уште по првото полувреме беа јасни работите околу тоа кој ќе ги освои бодовите на овој меч. Имаше само едно израмнување и тоа на стартот кога резултатот беше 1:1, по што следеше серија на вардарки од 8:0, додека гостите од Куманово цели 15 минути беа без погодок. Последниот гол во второто полувреме го постигнаа гостинките, кои намалија на 9:2.
Доминацијата на нашите пионерки продолжи и во второто полувреме, кога направивме серија од 5:0 и имавме двоцифрена предност од 14:2. Самиот резултат говори за случувањата на теренот, едноставно вардарки беа пресилни за противникот кој немаше сили за надигрување. По осум минути игра во второто полувреме резултатот беше намален на 15:5, но ние постигнавме пет голови во серија и имавме највисоки 20:5. До крајот на мечот, само го зголемивме водството, за на крајот да славиме триумф со резултат 24:7.
Со овој меч го завршивме регуларниот дел од сезоната со максимални освоени 30 бодови од исто толку одиграни натпревари и го потврдивме учеството на завршниот турнир во пионерската лига. Вториот патник на Ф4 во нашата група ќе се бара од дуелот помеѓу екипите на Металург и Делчево, кои во пресрет на меѓусебниот дуел имаат еднаков број на освоени бодови
На вечерашниот натпревар најголем дел од ракометарките успеаа да се запишат во листата на стрелци, а најефикасна беше Тошевска Магдалена која постигна 4 голови. По 3 погодоци беа дело на Бојана Коцева, Ива Ангеловска и Наталија Максимовска, додека по 2 постигнаа Борјана Коцева, Андреа Миланова и Мила Пешиќ. Во листата на стрелци со по еден гол се запишаа и Зорица Андоноска, Мила Крагељ, Јана Равојска, Александра Коловска и Јована Трајановска.