Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Пионерите со победа го стартуваа турнирот “Пандев “2018„, генер. “2005„ одигра со нерешен резултат
Пионерите со победа го стартуваа турнирот “Пандев “2018„, генер. “2005„ одигра со нерешен резултат

Пионерите со победа го стартуваа турнирот “Пандев “2018„, генер. “2005„ одигра со нерешен резултат

Две генерации на фудбалскиот клуб Вардар попладнево ги одиграа првите натпревари на силниот меѓународен турнир “Пандев 2018„. Победа забележаа пионерите, или генерацијата родени “2002“, додека помладите кои се родени “2005„ одиграа со нерешен резултат. Мечевите се одиграа на терените на ФФМ.

Генерацијата на ФК Вардар родени “2005“ година иако на два пати имаа водство, сепак на крајот не успеаа да ги освојат сите бодови.

Тренерот Сашо Јанев стартуваше со следните 11-сетмина: Апостоловски, Галевски, Кукуловски, Таневски, Конески, Цветков, Каланоски, Сековски, Величковски, Јовановски, Лефковски.

Црвено-црните први го отворија резултатот кога поведоа со 1:0, со голот на Горјан Цветков. До крајот на првиот дел, противникот од Бугарија успеа да израмни на 1:1. Во второто полувреме, Вардар го врати водството, кога Никола Величковски му одзема една топка  на голманот и ја смести во мрежата, за резултат 2:1. Сепак во последната минута од мечот, екипата на Национал за жал постигна гол и ги постави конечните 2:2.

Победа на отварање на турнирот за генерацијата родени “2002„, кои во новата сезона ќе бидат предводени од Игор Кралевски. Црвено-црните беа подобри од екипата на Бубамара ( Хрватска), која ја совладаа со резултат 2:0.  По првото полувреме имавме водство од 1:0, со погодокот на Фисник Салиу, додека предноста во второто полувреме ја удвои Азер Омерагиќ, кој ги постави конечните 2:0

Тренерот Кралевски стартуваше со следните 11-сетмина: Величковски, Петејчук, Крстевски, Величковиќ-Радуловиќ, Симев, Гугуљанов, Салиу, Хасани, Демири, Мирков, Омерагиќ.

Во текот на утрешниот ден, сите три генерации на ФК Вардар ќе го одиграат 2. коло на турнирот.