Среде Скопје, јуниорите го отворија првенството со победа над Исланд и тоа победа освоена во последните неколку секунди од натпреварот, а потоа следеа порази од Холандија и од Луксембург, а денес последниот во таа низа ни го нанесоа јуниорите на Израел.
Избраниците на Панче Милевски беа самоуверени во играта која ја демонстрираа на паркетот, но само во првите неколку воведни минути. Игравме егал до осмата минута (12-12), а во последните две минути од првиот период не успеавме да реализираме ниту еден напад. Следеше серија од единаесет поени на нашиот противник, кој до крајот на натпреварот ја одржа резултатската позитива во своја корист. До полувремето нашите јуниори наталожија 23 поени негатива која не успеаја да ја анулираат во периодите што следеа. Во финишот, Израел славеше 57-81 со односно 12-20, 6-21, 17-17 и 22-23 по делници.
Од вардарци овој пат доби шанса и блесна Андреј Данилов, тој успеаа да биде двоцифрен, погодувајќи 12.поени на овој натпревар. Тој заедно со Андреј Јакимовски беа први стрелци на оваа средба. Вардарецот Валмир Какруки постигна шест поена, а Благој Димитриев впиша пет зад своето име.