Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар во понеделник ги “пали моторите“
Куглање: Вардар во понеделник ги “пали моторите“

Куглање: Вардар во понеделник ги “пали моторите“

Полека играчите на кугларскиот клуб Вардар ги трошат и последните денови од летната пауза. Подготовките за новата сезона почнуваат наскоро. Кормиларот на црвено-црните Драги Димитровски ќе “прозива“ во понеделник, 6.август.

Првиот собир нашите момци со кој ќе ја стартуваат сезоната 2018/2019 ќе го имаат во кугларницата “Мусандра“ во Градскиот трговски центар. Истата повторно ќе биде домашен терен на нашиот тим во домашниот шампионат оваа година, откако изминатата ја игравме како домаќини во С.Ц “Борис Трајковски“. Вардарци прв предизвик кој ги очекува е нивниот 8-мо септемвриски интернационален турнир, а потоа ќе играат на Светскиот куп во Хрватска каде ќе ја преставуваат Република Македонија на овој европски предизвик. Потоа следат дуели и во домашната лига-МКЛ.

Составот на Вардар кој ќе новата сезона е следен: Дарко Димитровски,  Коста Ристевски, Георг Поп-Крстев, Згонц Маријан, Миле Димовски (капитен), Бранко Митиќ,  Влатко Гиевски, Тони Тодоровски и Стојановски.