Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кои се тројцата млади играчи, на подготовки со Вардар во Крањска Гора
Кои се тројцата млади играчи, на подготовки со Вардар во Крањска Гора

Кои се тројцата млади играчи, на подготовки со Вардар во Крањска Гора

Вардарци веќе се наоѓаат во Крањска Гора, каде ќе останат до 9-ти август и ќе го одработат главниот дел од подготовките. Новиот предводник од клупата на црвено-црните, Роберто Гарсија Парондо се реши во Крањска Гора да повика и тројца играчи од екипата на Вардар Јуниор. Се работи за голманите, Андреј Петковски, Даниел Ставровски и левиот бек, Марко Мишевски.

Неоспорно еден од најталентираните голмани во Македонија е Андреј Петковски, голман во Вардар Јуниор. Син на една од најголемите голмански легенди не само во Вардар, туку и во македонската репрезентација, популарниот “Зенга„. Андреј е исто така дете на Вардар, бранеше за сите младински екипи на клубот, две сезони беше дел од првата лига со тимот на Вардар 2, додека минатата сезона беше негова дебитантска во супер лигата. Сега добива шанса и со првиот тим ,каде заминува на припреми во Словенија (Крањска Гора). Ова е резултат на раскинувањето на договорот со Страхиња Милиќ, од добро познати причини. Во минатата сезона имаше неколку инзворедни натпревари, каде добиваше шанса да брани. Оваа сезона во тандем со Марко Кизиќ, Вардар јуниор ќе го има најмладиот голмански тандем во супер лигата.

Нашиот медиум, потајно го најавуваше Марко Мишевски, како еден од младите играчи, кои треба да затропаат на вратите на првиот тим. Момчето кое е високо 1.98 см и роден на 23.08.1999 година, ќе добие шанса на овие подготовки да ги покаже своите квалитети. Ги има поминато речиси сите младински категории на Вардар, клуб во кој е веќе шестта година. Во Вардар имаше можност да работи со тренери како Чивлачки, Стојков, Грчевски, Петковски и Петрушевски и сите имаат еден вид заслуга за неговиот напредок. Беше вицешампион со екипата на Вардар 2 во првата ракометна лига, а изминатата сезона ја помина како дел од тимот на Вардар Јуниор, со кој обезбеди опстанок во најсилната супер-лига. Селекторот на младинската селекција, Данило Брестовац, сериозно сметаше на неговите услуги на неодамна завршениот ЕХФ Шампионат, на кој Македонија го освои првото место. Мишевски е голем потенцијал и заслужено доби место во првиот тим, на овие подготовки, игра на позициите лев/среден бек.

Даниел Ставровски по две години се враќа во Вардар, откако минатите две сезони беше дел од екипата на Пролет. Се работи за голман, кој од самиот почеток на неговата голманска кариера е во Вардар, освен споменатиов период кога настапуваше за друг тим. Во 2015 година успеа со Вардар да стане младински шампион на Македонија, тоа е онаа генерација на ракометари, за која настапуваа играчи како Ончев, Трпчевски Кукуловски, Димов, Крстевски, Никола Кизиќ, потоа Јагуриновски и Арсеновски, кои беа едни од предводниците на младинската репрезентација кон освојување на првото место на ЕХФ Шампионатот.