Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2007“ со една победа и нерешен резултат во детската лига
ФК Вардар генер. “2007“ со една победа и нерешен резултат во детската лига

ФК Вардар генер. “2007“ со една победа и нерешен резултат во детската лига

Денес продолжија натпреварите во детската фудбалска лига. Утрово на терените на фудбалскиот клуб Работнички, најмладата Вардарова генерација родени 2007 година одиграа два натпревари. Тие забележаа една победа и нерешен резултат.

Најпрво на теренот излезе Вардар (1) кој за противник го имаше тимот на Спорт Ефе. Во еден возбудлив и интересен натпревар, на кој црвено-црните имаа повеќе шанси на крајот славевме со минимални 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше Стефан Младеновски. Мечот започна со шанса за Сорт Ефе, еден од нивните играчи се најде во прилика која не успеаа да ја искористи. Вардарци набрзина вратија со удари на Стефан Младеновски и Петар Мицевски, но противничкиот голман не дозвли рано отварање на резултатот. Спорт Ефе повторно се закани од слободен удар, топката заврши покрај нашиот гол. Избраниците на Томче Трајановски ја имаа иницијативата, имавме можност да гледаме допадлив фудбал на двете страни. Последен да направи нешто во првото полувреме, со два удари во иста акција беше Марко Крстевски. Сепак резултатот остана непроменет 0:0.

Второто полувреме започна фуриозно за Вардарци, противникот некако одолеваше на нашите напади. Сепак иницијативата дојде до израз, кога Стефан Младеновски донесе водство од 1:0. На голот “кумуваше“ грешка во противничката одбрана, која најумешно ја казни Младеновски. На спротивната страна имаше шанса за Спорт Ефе бргу да врати, се отвори прилика од левата страна, за наша среќа топката заврши покрај голот. Талентираниот и надежен голман на Вардар, Лука Јаневски е спасителот за нашиот состав, еден од противничките играчи избива сам со нашиот чувар кој му брани чиста зицер позиција. Интересно Лука се обиде да постигне и гол, откако неговите соиграчи се решија да го проиграат при изведен корнер, но енговиот силен удар заврши покрај голот. До крајот резултатот остана оној истиот на почетокот на вториот дел 1:0 за Вардар.

Веднаш после нив на истиов терен натпревар одиграа и Вардар (2) генер. “2007“ против тимот на Скупи (2). Конечниот резултат гласеше 1:1. Иако одигравме подобро, сепак недостасуваше финална реализација во ударите. Војо Стојановски се најде во прва прилика за погодок, сепак голманот беше побрз во интервенција, кој речиси му влезе во неговиот удар. Следуваше одлична акција со стопроцентна шанса за Вардар, која беше дело на Лео Манчев, кој веќе во следната своја акција погодува за предност од 1:0. Со овој резултат заврши првото полувреме.

vardarfans gener 2007

Во вториот дел екипата на Скупи ги казни нашите пропуштени шанси и успеа да го израмни резултатот на 1:1. И по израмнувањето шансите за гол се редеа пред голот на Скупи, но денес оваа Вардарова екипа немаше среќа. На крајот натпреварот заврши со нерешени 1:1, иако мора да се напомене дека нашите момчиња одиграа одличен меч и доколку беа поумешни во решавачкиот удар, сигурно дека ќе забележавме убедлива победа.