Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар го добија дербито со Пелистер
Кадетите на ФК Вардар го добија дербито со Пелистер

Кадетите на ФК Вардар го добија дербито со Пелистер

Денес на теренот во населбата Марино се одигра фудбалскиот натпревар во конкуренција на кадети, помеѓу екипите на Вардар и Пелистер. Дербито на крајот им припадна на црвено-црните откако со резултатски пресврт го добија овој меч. Конечниот резултат гласеше 2:1. Двата погодоци за Вардар ги постигна Гоце Насковски.

Многу важна победа за избраниците на Влатко Колев, кои со овие три бода останаа во борбата за титулата. Двете екипи имаа свој период на доминација, сепак Вардарци беа многу подобра екипа денес и сосема заслужено на крајот ги освоија бодовите. Тимот од Битола беше прв кој го отвори резултатот за 0:1. Оваа почетна негатива не ги обесхрабри нашите надежи кои тргнаа фуриозно кон голот на Пелистер. Таквата игра донесе израмнување од 1:1. Овој резултат беше актуелен по првото полувреме.

Во вториот дел продолживме да го напаѓаме противничкиот гол. Се играше 55 минута кога херојот на овој меч Гоце Насковски по втор пат ја затресува противничката мрежа за водство од 2:1. До крајот на натпреварот Вардарци одиграа многу паметно и знаеа како да ја сочуваат оваа предност. Пелистер речиси и да не направи ништо посериозно кон нашиот гол. Црвено-црните имаа некои полу-прилики за зголемување на водството, но сепак резултатот остана оној истиот од 55 минута. На крајот се радувавме на нови три бода, кои се вкупно седум во пролетниот дел. Овој триумф ни дава мотив да играме се подобро во продолжение од сезоната и да се надеваме на неизвесен финиш во борбата за титулата. Моментално лидер е екипата на Металург, кој пред одиграување на ово коло имаше четири бода предност пред Вардар.

Денес настапивме во следниов состав: Зибери, Јорданоски, Серафимов, Џуклевски, Петревски, Скендерски, Насковски, Абдул Скор, Дишлиевски, Трајчевски, Маркоски.