Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нов триумф за ФК Вардар генер. “2004′ во детската лига, совладана екипата на Спорт Ефе
Нов триумф за ФК Вардар генер. “2004′ во детската лига, совладана екипата на Спорт Ефе

Нов триумф за ФК Вардар генер. “2004′ во детската лига, совладана екипата на Спорт Ефе

Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2004“ година го задржува максималниот број на освоени бодови во пролетниот дел од детската фудбалска лига. Денес избраниците на тренерот Филип Арсовски забележаа нова победа. Тие настапија само со ФК Вардар (2) и победија во дуелот со екипата на Спорт Ефе. Конечниот резултат гласеше 4:0.

Првата прилика за отварање на резултатот ја имаше противничкиот тим, но Стефан Тасев не дозволува погодок. Возврати Максим Милошевски кој упати удар, само во рацете на голманот. Иницијативата на Вардарци вроди со плод, откако од десната страна повлече Максим Милошевски кој се ослободи од противнички играч совладувајќи го голманот на Спорт Ефе за водство од 1:0. Нашите млади надежи буквално “везеа“ по теренот, следеше нова добра акција за зголемување на предноста од 2:0. Стрелец на овој гол беше Стефан Стојановски. Истиов играч само после неколку минути успева да постигне нов гол за водство од 3:о. На погодокот претходеше асистенција од Димитар Стоимов. Првото полувреме заврши со резултат од 3:0.

vardarfans triumf

Во вторитот дел видовме уште еден погодок и повторно во мрежата на Спорт Ефе. Противникот имаше случајна шанса да постигне почесен гол, откако од слободен дуар нивниот играч директно биеше во гол, топката не ја зафати никој а истатат помина покрај голот на Вардар. Максим Милошевски во второто полувреме ги имаше посериозните прилики за зголемување на резултатот, но успешно бранеше противничкиот чувар на мрежата. Тренерот Арсовски реши да го испроба и каков фудбалер е голманот Стефан Тсев, па му даде 15 минути да игра главно со дефанзивни задачи. До крајот Димитар Стоимов постигнува гол, за конечни 4:0.

Уште еден добар натревар за оваа Вардарова генерација, која е единствената со сите победи во овој дел од натпреварувачката сезона.