Денеска се одигра ново коло во Детската фудбалска лига. Генерацијата ”2006” предводена од Игор Кралевски запиша уште две убедливи победи против тимовите на Албарса 1 и 2. Албарса оваа сезона важи за една од подобрите екипи во лигата, но нашите момчиња доминираа и на двата натпревари, со вкупно 9 постигнати погодоци.
Вардар (1) победи со резултат 3:1 со головите на Марко Николовски (2) и Стефан Коловски. Натпреварот започна со иницијатива на нашите играчи, првите две шанси ги имаше нашиот тим но топката отиде покрај голот на Албарса. Дојде и првиот гол за ФК Вардар, Давид Голубов пројде по страна го проигра Марко Николовски кој постигна гол за 1-0. При крајот на првиот дел Албарса изедначи на 1-1, еден играч на Албарса упати удар високо под пречката за 1:1. Во вториот дел Вардарци заиграа уште подобар фудбал, прв се закани Колоски но ја погоди пречката од голот на Албарса. Потоа следуваше и вториот гол за Вардар, Данстак упати една топка, еден играч на Албарса киксна, тоа го искористи Коловски за прв гол денеска и 2:1. Потоа дојде и третиот гол, повторно дело на Марко Николовски кој успеа да помине неколку играчи и да го матира голманот на противниците за сигурна победа на Вардар (1) од 3:1
Вардар (2) продолжи да ”гази” во детската лига. Овој пат нова ”жртва” беше тимот на Албарса (2) со убедливи 6:0, нашите момчиња во целост го надираа тимот на Албарса, кој речиси и да не шутна кон нашиот гол. Една лесна, убедлива игра на избраниците на Кралевски, кој и на оваа средба покажаа дека се работи за супер талентирана генерација. На оваа средба во листата на стрелците се запишаа: Милош Спасовски (2) Михаил Николов (2) додека пак Данил Ордевски и Ангел Настевски еднаш ја затресоа мрежата на Албарса.