Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом. пионери се вратија на победите, добиено дербито со Пелистер
Пом. пионери се вратија на победите, добиено дербито со Пелистер

Пом. пионери се вратија на победите, добиено дербито со Пелистер

Помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар се вратија на победите во првенството. Денес на гостувањето во Битола, беше совладан големиот ривал, екипата на Пелистер. Со три погодоци во противничката мрежа, црвено-црните најавија враќање на победничкиот сјај што ги красеше во есенскиот дел од сезоната. Стрелци на головите беа Мартин Спировски (2) и Давид Астарџиев.

Заслужена победа за избраниците на Сашо Јанев кои комплетно го надиграа домаќинот на овој натпревар. Првото полувреме заврши со предност од 0:1, со голот на Давид Астарџиев. Покрај постигнатиот гол Вардарци имаа уште најмалку три упатени удари во рамки на голот на Пелистер и уште исто толку шутеви покрај противничкиот гол.

Во второто полувреме ништо поразлично, нашите млади надежи ја имаа комплетната иницијатива и во овој дел од мечот. Пелистер беше безопасен кон нашиот гол,за разлика од Вардарци кои уште два пати ја тресеа противничката мрежа. Мартин Спировски ја запечати судбината на Пелистер и со конечен резултат од 0:3 ја забележавме првата победа во пролетниот дел. Продолжува битката со екипата на Шкендија за титулата, кои пред ова коло имаа еднаков број на освоени бодови.