Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генер. “2006“ со победа и нерешен резултат го заврши регуларниот дел од сезоната во детската лига
Вардаровата генер. “2006“ со победа и нерешен резултат го заврши регуларниот дел од сезоната во детската лига

Вардаровата генер. “2006“ со победа и нерешен резултат го заврши регуларниот дел од сезоната во детската лига

Вардаровата генерација родени “2006“ година со победа и нерешен резултат го заврши регуларниот дел од сезоната во детската лига, откако денес на терените на ФФМ го одигра последното коло од регуларниот дел.

Вардар (2) најпрво излезе на теренот, противник им беше екипата на Грозданоски. Се играше на врнежливо време и отежнати услови, но сепак црвено-црните на крајот излегоа како победник. Првата голема шанса на овој меч ја имаше екипата на Грозданоски, откако еден од нивните играчи од само два метри не успеа да ја погоди нашата мрежа.

1

Вардар имаше прв директен удар преку Ангел Настевски, кој шутира покрај голот. Избраниците на Сашо Јанев беа подобри на теренот, имаа поголем посед на топка и често содаваа акции за загрозување на противничкиот гол. Резултатот набргу беше и отворен, откако погоди Михаил Танчев за водство на Вардар од 1:0. Откако поради една грешка на одбраната на Грозданоски, нашиот играч, Олег Михајловски одзема топка кој се реши и сам да ја заврши акцијата и тоа прецизно, за веќе водство од 2:0. Иако обилно врнеше на терените на ФФМ, тоа не беше препрека за нашите млади надежи да покажат добра игра, која ја претвараме со нов трет гол, прв на мечот за Максим Цониќ, за зголемување на резултатот на 3:0. Во следните минути, почесен гол постигна и екипата на Грозданоски и тоа откако вардарци набрзина направија три корни, со што беше досуден удар од белата точка, кој противникот успешно го реализира, за намалување на 3:1. Бргу имавме можност да вратиме од истото место, но Максим Цониќ не успеа да погоди, односно противничкиот голман го одбрани неговиот удар. За одбележување до истекот на првите 30 минути, е уште и ударот на Михајловски, кој го одбрани голманот.

2

Доминација на Вардар и во второто полувреме, избраниците на Јанев се тие кои го диктираа темпото на игра, иако и момците на Грозданоски покажаа голема борбеност и ѓелба за надигрување. Прв обид во овој дел имаше Настевски, кој на нафрлена топка од прекин бие покрај голот. Добра шанса имаше и Олег Михајловски, но одбрани голманот. Сепак истиов играч во следната акција успеа да погоди и да му донесе водство на Вардар од 4:1. На голот претходеше одлична акција, која ја започна Настевски, продолжи до Танчев, а завршниот гол беше дело на Михајловски Олег. Во листата на стрелци се запишува и секогаш одличниот Јован Илиоски, кој погоди за 5:1. Имаше обид и Аце Миовски, кој заврши во рацете на голманот. Конечниот резултат од 6:1, со својот втор гол денес го постави Михаил Танчев.

4

Многу поинтересен натпревар одиграа екипите на Вардар (1) и Кул, кој заврши со нерешен резултат од 2:2. Иако Вардар имаше повеќе шанси и на два пати беше во предност, сепак на крајот екипите ги поделија бодовите.  Вардар имаше први обиди преку Сековски кој бие покрај голот, а подоцна се обидоа и Нуман Ајетовиќ и Стефан Коловски, но голманот ги одбрани ударите. Црвено-црните притискаа на половината на Кул, но противникот успешно се бранеше. Димитар Порчу сакајќи да нафрли ја погоди стативата од голот на Кул, па резултатот се уште остана непроменет. Се закани и тимот на Кул , кој шутира покрај голот на Данстак, додека Вардар имаше завршен обид во првиот дел преку Нуман, но се уште не можевме да видиме гол. По првите 30 минути резултатот беше 0:0.

5 6

Вардар и во вториот дел атакуваше на голот на Кул, а Олег Трифуновски немаше среќа кога ја погоди пречката. Сепак вардарци постигнуваат гол и го отвараат резултатот со голот на Марко Николовски, кој на голема радост успева да го отвори резултатот на 1:0. Екипата на Кул успеа да врати по една наша грешка во одбраната и да го израмни резултатот на 1:1. Вардар напаѓаше, а Кул се обидуваше да освои бод на овој дуел. Нова прилика а Николовски, но повторно одбрани противничкиот чувар на мрежата, додека најзрелата шанса ја имаше Дарко Сековски, кој промаши пенал, откако Кул направи три корни. Немавме среќа и кога Марко Николовски ја погоди стативата, но сепак успеавме да поведеме со 2:1 со голот на Олег Трифуновски, кој погодува на асистенција од Коловски. Во последните две минути од мечот, судијата досуди пенал за Кул, поради наводен фаул од нашиот играч. Успешн реализираат, иако Данстак ја имаше топката, сепак заврши во нашата мрежа, за да ги постави конечните 2:2.

Веќе во сабота стартува елиминацискиот дел во детската лига, за двете екипи на Вардар.