Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа и нерешен резултат за генер. “2005“ во првото пролетно коло од детската фудбалска лига
Победа и нерешен резултат за генер. “2005“ во првото пролетно коло од детската фудбалска лига

Победа и нерешен резултат за генер. “2005“ во првото пролетно коло од детската фудбалска лига

Денес свои натпревари на терените на фудбалскиот клуб Работнички, имаше и Вардаровата генерација родени “2005“ година. Две екипи предводени од Зоран Петковски забележаа една победа и нерешен резултат.

Фк Вардар (2) генер. “2005“ иако имаа водство од 3:о, на крајот сепак ги поделија бодовите со екипата на Албарса (1). Првата прилика за погодок на овој меч ја имаше Петар Пројкоски од редовите на Вардар. Набрзо и поведовме со голот од пенал на Кристијан Таневски. Инаку правилото во детската лига е после три корнери, да се изведува удар од белата точка. Противникот се ослободи од притисокот и ја имаше првата прилика да го израмни резултатот, но нашиот голман го одбрани нивниот удар. Нововлезениот Стефан Наумовски исто така се најде во прилика да го загрози голот. На идентичен начин со гол од пенал, дело на Горјан Цветков успеавме да поведеме со 2:0. Следната шанса, Стафан Наумовски ја претвара во погодок за водство од 3:0. Одличен прием на топката, кој биеше силно со волеј удар совладувајќи го голманот. До крајот на првото полувреме, противникот успеаа да го намали резултатот со прецизен удар по земја. На одмор се замина со резултат 3:1.

Вториот дел одлично го започнавме со погодена пречка. Во наредната минута Горјан Цветков исто така се најде во прилика да го зголеми резултатот, но противничкиот голман го скротува ударот. До крајот на натпреварот следиме голем пад во играта на младите Вардарци, кои му дозволија на противникот да постигне два гола за израмнување на 3:3, што беше и конечен на овој дуел.

Фк Вардар (1) пак не дозволи изненадување во дуелот со Албарса (2) и оствари висок триумф со резултат 5:1.

Првата прилика ја имаше противничката екипа, но ништо посериозно кон нашиот гол. Следиме одлична акција на Дарко Сековски и Давор Лефковски, сепак противничките дефанзивци избиваат во корнер. Набргу успеваме да поведеме со 1:0, со голот на Дарко Сековски. Водство од 2:0, стрелец Лука Јакимовски кој беше најумешен при една мешаница пред голот на противникот. Лука биеше во долниот десен агол за зголемување на предноста. До крајот на првиот дел, избраниците на Петковски успеаа да дадат уште два гола и тоа двата дело на Ѓорѓи Дошев. Резултатот по првото полувреме беше 4:0.

vardarfans pobeda za generacija 2005

Во вториот дел продолживме со офанзивна игра, што резултираше со зголемување на водството. Овој дел од мечот го отвори Симеон Здравковски за предност од 5:0. Се што успеаа да стори Албарса е да намали на 5:1. До крајот на натпреварот уште три пати ја тресевме противничката мрежа. Головите редоследно ги постигнаа Лука Јакимовски, Филип Јовановски и Дарко Сековски.